• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Фотографии кои го кршат срцето на мајка која изгубила 11 бебиња поради спонтани абортуси

12 април 2016, 13:53
  • cподели

Фотографиите на Дајен Јуделсен ќе ви го скршат срцето и ќе ви ја покажат издржливоста, силата и храброста на една жена. Тие се спомен од единаесетте бебиња кои таа ги изгубила поради спонтани абортуси во текот на 12 години.

57-годишната фотографка го создала моќниот фотосеријал „Lost“ за да им покаже на жените кои изгубиле бебе дека не се сами и поттикна многу од нив гласно да зборуваат за своите искуства со спонтаниот абортус.

Од бебешко боди со игла за везење, до сплетена бебешка облека – секоја фотографија вклучува снимка од ултразвук, името на бебето и предмети кои ја потсетуваат Дајен на секое бебе зачнато во неа.

Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен

„Чувам спомени од секое од моите 11 изгубени бебиња. Сите тие се уредно спакувани во бела кутија во мојот плакар, како што сите тие спомени од нивните кратки животи се уредно спакувани во моето срце“ – пишува таа на својот сајт.

„Се надевам дека со споделувањето на овие фотографии ќе допрам до животите на бројни жени кои ја искусиле или ја искусуваат болната загуба на бебе. Тие не се сами во нивното патување“ – продолжува таа.

Јуделсен се охрабрила да го создаде фотосеријалот откако ѝ помогнала на пријателка да се справи со болката по спонтан абортус. „Тоа ме поттикна да ја земам големата бела кутија од плакарот, која ги пази спомените од моите изгубени бебиња. Помина доста време откако за последен пат ги извадив предметите од неа и како што ги редев на креветот, почувствував дека нивната приказна треба да биде документирана“ – објаснува Дајен.

Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен

Иако Јуделсен и сопругот имаат две деца, болката од 11-те изгубени бебиња никогаш не престанала. Сепак, таа признава дека споделувањето на фотографиите значително ѝ помогнале да си ја намали тагата.

„Велат дека кога даваш и добиваш. Според мене ова е вистина, особено доколку даваш од срце. Помагајќи им на другите да ја излечат емоционалната болка од прекинувањето на бременоста, јас си ја намалив сопствената“ – вели Дајен.

Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен Дајен Јуделсен

Спонтаниот абортус е многу честа појава, но луѓето ретко зборуваат за него. Целта на Јуделсен е да го промени тоа.

Tags
мајка
тажни фотографии

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.