• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ФОТО: Жена тежи 26 килограми и предупредува за последиците од анорексијата

18 декември 2012, 11:41
  • cподели

Изгледот на Валерија Левитина за повеќето луѓе е шокантен и вознемирувачки. Но, преслабата 39-годишна жена одлучи да го покаже своето тело за да ги предупреди младите девојки за последиците од нарушувањата во исхраната.

Загрижена поради добиените писма од „обожавателки“ коишто сакаат да го копираат нејзиниот изглед, Валерија реши да проговори за темната страна на анорексијата.

„Добивам e-mail пораки од млади девојки кои сакаат да ги научам како да бидат како мене. Сите писма кои ги имам се од жени, воглавно во 20-тите години од животот, кои ме гледаат како некаква инспирација. Поради тоа, сакам да водам кампања против анорексијата. Нема да ги учам како да умрат. Тоа не е игра, тоа не е шега, се работи за твојот живот“ – изјавила таа за британскиот „The Sun“.

ВалеријаЛево: Валерија денес (26kg). Десно: Валерија како тинејџерка (63,5kg).

Валерија влегла во канџите на анорексијата уште во тинејџерските години. Денес таа тежи нешто повеќе од 26 килограми. Поради екстремното нарушување во исхраната, веќе не може да се сети каков е вкусот на лебот. Во текот на денот консумира само овошје и еден мал оброк од месо и зеленчуци. Нејзиното тело не може да прифаќа секаква храна, па многу јадења никогаш не наоѓаат место на нејзината трпеза.

За сегашниот шокантен изглед Валерија вели дека носи вина и нејзината мајка, која редовно ја критикувала за тежината. „Мајка ми се плашеше дека ќе бидам дебела како моите роднини. Поради тоа ми ја ограничуваше храната уште од рана возраст. Редовно ме тераше да се мерам на вага за да проверам дали сум ја покачила тежината. Таа сакаше да бидам совршена, бидејќи ѝ бев единствено дете“ – раскажала таа.

На 16-годишна возраст Валерија се преселила со својата мајка и очувот во Чикаго. Тогаш имала 63,5 килограми. Сакајќи да се вклопи во новата средина, Валерија започнала да ја намалува внесената храна.

„Сакав да бидам како сите и мислев дека ако ослабам, ќе бидам прифатена. Започнав да исфрлам одредена храна, не јадев шеќер или јаглехидрати. Бев заробена во ужасен круг, каде морав да губам повеќе тежина за да бидам задоволна од себе. Сега речиси е невозможно да си ја вратам тежината, бидејќи моето тело не може да процесира многу јадења“ – изјавила таа.

Валерија обожавала балет и сонувала да стане танчарка. Но, на 24-годишна возраст тежела само 38 килограми, па ѝ било забрането да танцува за да не заврши со повреди.

ВалеријаШокантниот изглед на Валерија треба да служи како предупредување за младите девојки кои не сфаќаат колку сериозни се последиците од анорексијата

Во текот на следните десет години Валерија се консултирала со над 30 специјалисти за да може да се врати во нормала. „Болеста не е таква за да може да биде излекувана од доктор. Проблемот е многу подлабок. Нема хармонија помеѓу телото и душата. Посетата на специјалисти не ми ја зголеми тежината. Никогаш не сум лежела на болница. Најдобриот лек што го имам откриено беше кога си реков: Ќе се опоравам. Се чувствував подобро, а кога се чувствуваш подобро, телото започнува да се враќа во нормала. Кога ќе станеш поздрав, телото започнува да се храни, а не обратно“ – објаснила таа.

Освен здравјето, анорексијата го уништила и љубовниот живот на Валерија, која не била во врска десет години. „Тешко е да си во врска кога не можеш да ги правиш нормалните нешта кои ги прават луѓето, како одење во ресторани и уживање во животот. Луѓето не сакаат да се во близина на некој што е лошо расположен или неоптимист. Сакаат да живеат среќен живот, а не да се чувствуваат како да се врзани за одредена личност“ – рекла таа.

Најголемата желба на Валерија во моментов е да си ја зголеми тежината за да може да има свое дете со помош на сурогат мајка.

„Би сакала да имам семејство, бидејќи имам многу да дадам. Но, очигледно не би било правилно да имам бебе кога сум болна. Не би било фер кон детето. Сакам да ѝ се спротивставам на анорексијата. Никогаш не сум се откажала од ништо во животот, па нема да го направам тоа ни сега. Морам да победам, за да почувствувам дека не сум живеела залудно“ – изјавила таа.

Tags
анорексија
Валерија Левитина

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.