• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Втората свадба на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато

23 мај 2011, 13:56
  • cподели

Канадскиот пејач Мајкл Бубле и актерката Луисана Лопилато, позната кај нас како Миа Колучи од „Млади бунтовници“, стапија во брак на 31 март оваа година и оттогаш направија три свадбени прослави.

Првите две ги приредија во Аргентина, родната земја на 23-годишната актерка, а последната се одржа изминатиов петок во родниот град на Бубле, Ванкувер, Канада.

Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато

Денес беа објавени фотографиите од канадската прослава. Уште од прв поглед може да се види дека младиот брачен пар уживал во луксузна забава во хотелот Pan Pacific. Бубле и неговата сопруга го прославија својот брак заедно со 500 блиски роднини и пријатели.

Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато

Веселата Лопилато носеше креација на аргентинскиот дизајнер Jorge Ibanez, а нејзиниот сопруг носеше костум од Hugo Boss.

Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато
Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато

Мајкл и Луисана се венчаа во Буенос Аирес. Тогаш невестата носеше виолетов краток фустан и сребрени обувки. Кога младоженците излегоа од матичното, надвор ги пречекаа нивните обожаватели кои кон нив фрлаа ориз и ливчиња од цветови.

Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато
Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана ЛопилатоЛуисана го фрла букетот по склучувањето на бракот со Мајкл

На големата аргентинска прослава, која се одржа на имотот Villa Maria Paz, присуствуваа 300 гости. Луисана тогаш носеше бела венчаница од аргентинскиот дизајнер Sylvie Burstin и обувки од Кристијан Лобутин.

Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана ЛопилатоИмотот Villa Maria Paz каде што се одржала аргентинската прослава Свадбата на Мајкл Бубле и Луисана ЛопилатоПрославата во Буенос Аирес

Мајкл и Луисана се запознале во ноември 2008 година, кога познатиот пејач признал дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака.

Оние кои ја следат музичката кариера на Бубле знаат дека Луисана учествуваше во спотот за неговата песна „Haven't Met You Yet“.

Haven't Met You Yet – Видео

Tags
Мајкл Бубле
Луисана Лопилато

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.