Тереза Фајксова се закити со титулата „Miss Earth 2012“ на изборот за убавина одржан во Мунтинлупа, Филипини.
„Miss Earth 2012“, Тереза Фајксова
23-годишната Чехинка победи 79 кандидатки од целиот свет за да ја освои круната.
На натпреварот беа доделени уште три други титули според четирите елементи – вода, воздух и оган. Титулата „Miss Fire“ ѝ припадна на претставничката на Бразил, Камила Брант. За „Miss Water“ беше прогласена Мис Венецуела, Осмариел Вилалобос, додека Стефани Стефанович од Филипини ја доби титулата „Miss Air“.
Miss Fire, Miss Earth, Miss Air, Miss Water
Miss Fire
Miss Water
Miss Air
Натпреварот „Miss Earth“ се одржува со цел подигнување на еколошката свест и промовирање на проекти за зачувување на животната средина. Оваа година централна тема беше одржливата енергија.
