• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Татко и ќерка пресоздаваат иста фотографија 35 години

10 февруари 2015, 14:10
  • cподели

Традиција на татко и ќерка, која трае 35 години, ќе ве убеди дека семејните албуми се скапоцен спомен. 36-годишната Хуахуа и нејзиниот 62-годишен татко секоја година се фотографираат на истото место, во истиот период од годината.

Кинезот Хуа Јуенќинг имал само 26 години кога за првпат се фотографирал со својата едногодишна ќеркичка покрај езерото Џенѓанг во август 1980 година. Иако немал намера да започне некаква семејна традиција, фотографијата толку многу му се допаднала, што тој решил да ја повтори следната година. „Така тоа ни стана еден вид семејна традиција која ја негуваме со само една пауза во 1998 година, кога ќерка ми беше надвор од државата и не можеше да ни се придружи на семејниот одмор“ – рекол таткото.

 Хуа и Хуахуа  Хуа и Хуахуа

Во 2008 година пред фотоапаратот за првпат им се придружува и првата ќеркичка на Хуахуа, а во 2012 година фотографиите ги разубавува и нејзината втора ќерка.

Фотографиите, кои внимателниот татко неодамна ги објави онлајн, го прикажуваат трансформирањето на Хуахуа од малечко девојче во жена и мајка и на Хуа од млад татко во дедо на две девојчиња.

 Хуа и Хуахуа  Хуа и Хуахуа
Tags
креативни фотографии
пресоздадени фотографии

Најнови

  • Принцезата Кетрин

    Елеганција со порака: Принцезата Кетрин со бисерен накит во чест на кралицата Елизабета II

    Thu, 04/23/2026 - 11:40
  • Се откажа од славата, се пресели во Шпанија и има три деца: Што прави Амбер Херд по губењето на судскиот спор против Џони Деп

    Thu, 04/23/2026 - 10:31
  • Шарлиз Терон одушеви во машки костум од Диор откако зборуваше за моментот кога мајка ѝ го уби татко ѝ

    Thu, 04/23/2026 - 09:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.