• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Создал специјален монопол за да ја побара саканата за жена

29 септември 2015, 10:35
  • cподели

Кога Џастин Лебон решил да ја побара својата сакана за жена, тој знаел точно како треба да изгледа совршениот предлог. Бидејќи двајцата обожавале да играат монопол, Џастин решил да создаде сопствена верзија на популарната игра за да ја запроси Михау.

Предлогот за брак на Џастин Лебон Предлогот за брак на Џастин Лебон

Со помош на дрводелец, тој ја реализирал својата замисла. Играта навидум изгледала како вистинската верзија, но вклучувала локации кои биле важни за парот, специјални картички и тајна преграда за прстенот. Џастин ѝ го подарил монополот на својата девојка на Божиќ.

Кога видела дека играта ја раскажува нивната приказна и вклучува локации кои биле важни за нив, Михау била пресреќна, не знаејќи дека најдоброто допрва следува. „Ѝ дадов зарови кои ѝ овозможуваа да фрла само 7, бројот што ѝ беше потребен за да згазне на Шанса. Таму ја имав ставено картичката со текст: Дали ќе се омажиш за мене? Ако одговорот е да, продолжи до местото за данок на луксуз“ – раскажува тој на Imgur.

Предлогот за брак на Џастин Лебон

Потоа Џастин клекнал на колена и со помош на клуч направен од метална жица, ја отклучил тајната преграда наменета за прстенот. „Уште еднаш, изразот на лицето на Михау... беше бесценет. Ѝ се допадна секоја секунда од предлогот и мило ми е за тоа“ – додава тој.

Предлогот за брак на Џастин Лебон Предлогот за брак на Џастин Лебон

Џастин ја запросил Михау на католички Божиќ минатата година, но пред неколку дена ја сподели својата приказна на Reddit.

Предлогот за брак на Џастин Лебон
Tags
креативно
предлог за брак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.