• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Шоуто на Victoria’s Secret 2010

11 ноември 2010, 12:20
  • cподели

Со право мажите би го опишале шоуто на Victoria’s Secret како рај на Земјата. Вчерашниот спектакл на познатиот бренд за долна облека ги однесе посетителите во светот на фантазиите.

Прекрасните ангели прошетаа по модната писта во феноменални креации и измамија воздишки и аплаузи од публиката.

Темата на спектакуларната ревија беше „Ноќта на илјада фантазии“ и беше поделена на 6 различни дела.

Шоуто започна со делот наречен „Tough Love“ кој може да се опише како рокерски, тежок, секси и силен, а продолжи со спортскиот „Game On“ и романтичниот и женствен дел именуван како „Country Girls“.

Потоа следуваше „Heavenly Bodies“, кој дефинитивно беше најгламурозниот и најдраматичниот дел на ноќта. Нареден дел беше „Wild Things“, инспириран од елементи карактеристични за џунгла, сафари и племиња.

Фантастичната ревија заврши со колоритниот младешки дел „Pink Planet“, кој беше исклучително забавен.

Прва на пистата зачекори Адријана Лима, која само пред 12 месеци ја роди својата прва ќерка Валентина.

„Да се вратам во форма за модното шоу не беше лесно за мене. Работев многу напорно“ – изјавила Адријана и признала дека вежбала секој ден без пауза. Адријана ја имаше и честа да го носи градникот од фантазиите кој чини неверојатни 2 милиони долари. Блескавиот Bombshell Fantasy Bra е изработен од 3000 бели дијаманти, светло сини сафири и овални топази, а е дизајниран од Дамиани.

Погледнете како Алесандра Амбросио, Адријана Лима, Селита Ибенкс, Изабел Гоуларт, Шанел Иман, Кендис Сванапул, Каролина Куркова, Џесика Стем, Роузи Хантингтон Витли заедно со своите колешки ангели ги презентираа неповторливите креации на VS.

Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Модели на VS Модели на VS
Моделите на Victoria's Secret Моделите на Victoria's Secret

Шоуто на Victoria’s Secret 2010 – видео

На сцената недостигаа Доуцен Крос и Миранда Кер. И двете се бремени за прв пат.

За музичкиот дел на гламурозното шоу беше задолжена Кети Пери, а на сцената настапи и Ејкон со песната „Angel“.

Кети Пери ги испеа нејзините хитови „Firework“, „Teenage Dream“, „Hot N Cold“ и „California Gurls“. Огромен впечаток остави нејзината забавна облека дизајнирана од познатиот Тод Томас. Кети блескаше на сцената како и останатите ангели.

Кети Пери Кети Пери
Кети Пери Кети Пери
Кети Пери Кети Пери
Кети Пери, Ејкон и моделите на VSКети Пери, Ејкон и моделите на VS

Во публиката се најдоа Џерард Батлер, Наташа Бедингфилд, сестрите Парис и Ники Хилтон, Тајсон Бекфорд и членови на бендот Maroon 5.

Дефинитивно VS и оваа година направи спектакл кој ги оправда очекувањата на обожавателите и шоу кое долго ќе се памети.

Tags
Victoria's Secret

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.