• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Чуден свет

ФОТО: Русинка со операција си ги издолжи нозете за да изгледа како модел

10 февруари 2015, 13:26
  • cподели

Александра Трансер хируршки си ги издолжила нозете за да си оствари животна желба. Девојката од Волгоград уште од 17-годишна возраст мечтаела да стане модел, но ѝ било кажано дека е прениска за модните писти.

30-годишната Русинка била висока 167 сантиметри, а благодарение на операцијата, за девет месеци „пораснала“ 6 сантиметри. Но, Александра не е задоволна, бидејќи нејзината крајна цел е да достигне висина од 185 сантиметри, па таа планира уште 2 операции.

Александра Трансер

Во интервју за руските медиуми, Трансер објаснила дека уште во тинејџерските години имала комплекси поради висината и дека веднаш по завршувањето на средното училиште, започнала да работи во фирмата во која работел татко ѝ, за да заштеди за операција за зголемување на висината.

Иако на почетокот нејзините родители не ја поддржувале да легне под нож, сепак откако виделе дека таа нема да се откаже од намерите, се согласиле. Александра потрошила над 8.000 евра за првата операција, која ѝ била направена пред една година.

Александра Трансер

По операцијата, нозете на Александра постепено биле издолжувани. Хируршкиот зафат вклучува кршење на коските, а потоа поставување на нозете во метални ортопедски помагала (Операцијата за првпат ја извел Гаврил Илизаров, па зафатот го носи неговото презиме). Со помош на медицинското помагало, постепено се издолжуваат нозете додека коските зараснуваат.

Александра Трансер

Александра планира да ја достигне посакуваната висина до 2018 година, што значи дека тогаш возраста ќе ѝ биде пречка за кариера во модната индустрија. И покрај тоа, таа не се откажува. „Веројатно тогаш ќе бидам премногу возрасна за да бидам модел... До 2018 година сакам да го достигнам идеалот од моите фантазии. Вкупно ќе извишам за повеќе од 18 сантиметри. Потоа ќе си ја бојадисам косата руса. Русокоса со изглед на модел – ете кон тоа се стремам“ – рекла таа во интервју за рускиот медиум „Блокнот“.

По објавувањето на приказната на Александра, кон неа беше насочена лавина негативни коментари.

Tags
Александра Трансер
чуден свет

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.