• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Принцезата Меделин се венча во фустан од Валентино

9 јуни 2013, 12:56
  • cподели

Шведската принцеза Меделин се омажи за њујоршкиот банкар Кристофер О’Нил на раскошна свадбена церемонија одржана во Стокхолм.

Меделин и КристоферПринцезата Меделин и Кристофер О’Нил

Убавата невеста носеше венчаница со чипкаст горен дел, дизајнирана од самиот Валентино Гаравани.

„Таа е прекрасна девојка. Таа е модерна, забавна, полна со енергија и ентузијазам и многу е убава“ – изјавил врвниот креатор.

Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил Принцезата Меделин и Кристофер О’Нил

Младоженецот се обидуваше да ги задржи солзите додека Меделин чекореше кон олтарот со својот татко, кралот Карл XVI Густаф. Околу 600 гости беа сведоци на склучувањето на бракот.

Кралицата Силвија и принцот Карл ФилипКралицата Силвија и принцот Карл Филип (братот на Меделин) Принцезата Викторија (поголемата сестра на Меделин) со сопругот принцот Даниел и нивната ќерка, принцезата ЕстелПринцезата Викторија (поголемата сестра на Меделин) со сопругот, принцот Даниел и нивната ќерка, принцезата Естел

Меделин е најмалата од трите деца на кралот Карл и кралицата Силвија и е четврта на листата за наследство на престолот.

Принцезата на Монако, Шарлин ВитстокМеѓу гостите беше и принцезата на Монако, Шарлин Витсток

30-годишната Меделин и 38-годишниот Кристофер се запознале во 2010 година во Њујорк, а свршувачката ја објавија во октомври минатата година.

„Го ценам Крис поради неговата срдечност и неговата смисла за хумор. Тој има големо срце и успева да направи секој да се чувствува пријатно во негово друштво“ – изјавила Меделин.

По свршувачката, и Кристофер отворено зборувал за љубовта кон Меделин. „Цело време бев сигурен дека Меделин е личноста со која сакам да стапам во брак“ – рекол тој.

Младенците ќе продолжат да живеат во Њујорк, каде принцезата работи во детска хуманитарна организација основана од нејзината мајка, кралицата Силвија.

Tags
шведската принцеза Меделин
кралска свадба

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.