Откако беа доделени престижните награди Оскар, холивудските ѕвезди продолжија со дружењето во релаксирана атмосфера на постоскаровските забави.
Стилот на дамите стана посмел и посексапилен. За разлика од црвениот оскаровски тепих, на луксузните забави може да се видат попровидни креации, похрабри деколтеа, пократки здолништа...
Многу славни лица кои ја пропуштија свечената манифестација се приклучија во ноќната забава на „Vanity Fair“ и традиционалната хуманитарна забава за финансирање на борбата против ХИВ/СИДА на Елтон Џон.























































