• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ФОТО: Парот кој не дозволи несреќа да им ја уништи свадбата

5 ноември 2012, 20:52
  • cподели

Автомобилска несреќа за малку ќе ја уништеше свадбата на млад пар, но заљубените Чед и Холи докажаа дека ништо не може да застане на патот на вистинската љубов.

На 18 октомври, ноќта пред свадбата, Чед возел по лошо осветлен пат кога изгубил контрола и излетал надвор од патот, превртувајќи се четири пати. Автомобилот започнал да се полни со вода, но Чед успеал да се ослободи. Мислејќи единствено на свадбата и на тоа дека не сака да ја разочара својата свршеница, тој изминал пешки 2,5 километри за да се врати дома.

Приказната за свадбата на Чед и Холи

По кратко време адреналинот во неговото тело се намалил и Чед почувствувал силна болка во грбот, па ја повикал мајка си за да го однесе на болница. Докторите откриле дека има повреда на грбот и му соопштиле дека мора да ја откаже свадбата.

„Жалам, но тоа не е опција. Јас се женам утре“ – самоуверено им рекол Чед на докторите и некако ги убедил да го пренесат во хотелска соба.

Приказната за свадбата на Чед и Холи

Храбриот младоженец ги повикал пријателите во хотелската соба, заедно со камерманот и свештеникот, и договорил таму да се одржи свадбената церемонија. Пријателите дури и го поставиле свеченото одело врз Чед за да изгледа поелегантно за неговата сакана.

Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи

Чед и Холи си го кажале судбоносното „Да“ во хотелската соба.

Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи

Неколку минути подоцна снимката им била пуштена на собраните гости.

Приказната за свадбата на Чед и Холи

Ниту еден од присутните не успеал да ги задржи солзите.

На прославата Холи присуствувала сама, но била опкружена со најблиските. „Невестата мораше да ја помине целата прослава сама... но беше опкружена со љубовта на семејството и пријателите, што придонесе сè да биде полесно за неа“ – изјавил најдобриот пријател на Чед за „The Chive“.

Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи Приказната за свадбата на Чед и Холи

Сите гости биле едногласни дека Чед и Холи покажале што точно значи ветувањето „заедно во добро и во зло, во здравје и во болест“.

Приказната за свадбата на Чед и Холи
Tags
стории

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.