• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Отворен е првиот ресторан Гудис во Веро Центарот

20 јануари 2014, 18:02
  • cподели

Официјално започна со работа првиот ресторан на „Гудис“ во „Веро центарот“, со што скопјани ќе ја имаат уникатната можност први да го посетат реномираниот ресторан за брза храна и да уживаат во оригиналните и префинети вкусови од овој бренд. Ова е првиот ресторан што се отвора во Скопје од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна, за кој франшизата ја има Веро („Веропулос“ ДООЕЛ Скопје).

ГудисДани и Влатко Илиевски денеска помагаа во „Гудис“. Гудис

„Првиот „Гудис“ тукушто ги отвори своите врати во Скопје. Од самиот почеток беше тема која го привлече вниманието во јавноста, а се надевам во наредните денови и место каде сите ќе посакаат да дојдат. Сигурен сум дека Гудис ќе стане место каде вкусот, квалитетот и пријателската услуга ќе креираат вистинска причина секој од посетителите да го доживее своето лично „Гудис искуство“ – изјави Јоргос Василарас, директор за интернационален развој на Гудис

„Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место на мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на медитеранската кујна. Квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус. Задоволни и насмеани потрошувачи се нашиот императив и ќе се потрудиме да им овозможиме извонредно искуство” – изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро.

Гудис Гудис

Гудис ќе понуди оригинални бургери и вкусни специјалитети, користејќи внимателно избрани состојки со извонреден квалитет. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Гудис стана препознатлив по единствените и оригинални менија креирани од страсните кувари. Разновидното мени, бескомпромисниот квалитет, грижата и љубовта за брендот се нивните клучни елементи за успех кои секојдневно им носат 500 000 потрошувачи.

www.facebook.com/goodys.mk

До денес „Гудис“ важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 135 ресторани, пет на Кипар и по еден во Тирана и Белорусија. Главна цел на компанијата за 2014 година е да отвори 20 ресторани на Бaлканот и Источна Европа.

Tags
Гудис

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.