• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Оливија Вајлд го дои своето синче во фотосесија за „Glamour“

5 август 2014, 18:30
  • cподели

Оливија Вајлд по породувањето целосно му е посветена на синчето Отис, а нејзината фотосесија за „Glamour“ го потврдува тоа. На фотографиите за списанието, 30-годишната актерка го дои и си игра со својот тримесечен син.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Илјадници жени низ целиот свет имаат само комплименти за фотографијата на која е претставена силната врска помеѓу Оливија како мајка и нејзиното малечко, но не се ретки и негативните коментари.

„Совршено е што бев фотографирана со Отис, бидејќи секој портрет од мене во моментов не е комплетен без мојот идентитет на мајка. Доењето е најприродното нешто. Не знам, сега се чувствувам како Отис секогаш да треба да е на мојата дојка... Се разбира дека не изгледам вака кога дојам обично и најчесто е вклучена и пелена“ – изјавила холивудската ѕвезда.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Вајлд, која е верена со Џејсон Судејкис, дополнила и дека не брза да зачекори кон олтар. „Верени сме, но сѐ уште нема конкретни планови. На многу начини детето е повеќе од обврзување. Децата денес растат со многу дефиниции за тоа што е семејство. Она што сакам да го кажам е дека не чувствуваме притисок да се венчаме. Но, сметам дека ќе биде забавно“ – рекла таа.

Модната фотосесија со Оливија е дело на Патрик Демаршелие.

Оливија Вајлд
Tags
Оливија Вајлд

Најнови

  • Синчето на диџеј Мац наполни една година, на роденденот беа и кумовите Сара Мејс и Димитар Атансовски

    Thu, 02/26/2026 - 10:44
  • „Прекрасна дама“, „Икона“, „Импресивна“... Моника Белучи ги собра сите комплименти на ревијата на Fendi во Милано

    Thu, 02/26/2026 - 10:00
  • „Не сум бремена, само малку сум подебела, во менопауза сум“: Хајди Клум им возврати на сите кои шпекулираат дека е бремена

    Thu, 02/26/2026 - 09:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.