• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Најскапото куче на светот продадено за 1 милион фунти

15 март 2011, 12:51
  • cподели

Куче од расата тибетски мастиф стана најскапото куче на светот, откако беше продадено за 945 000 фунти, објави британскиот Telegraph.

Кучето, чие име е Hong Dong, има 11 месеци, но веќе тежи над 80 килограми.

Hong DongHong Dong е продаден за скоро 1 милион фунти

Тибетските мастифи се прилично големи кучиња и се смета дека оваа раса кучиња е една од најстарите на светот. Многу се ретки и тешко можат да се сретнат надвор од Тибет. Во последните неколку години нивната цена постојано се зголемува и се сметаат за симбол за статус на богатите Кинези.

Не е откриен идентитетот на купувачот на Hong Dong, но се знае дека е богаташ од северна Кина.

„Видов дека го сака кучето, инаку немаше да му го продадам. Купувачот ми кажа дека го смета кучето за добра инвестиција. Како машко куче, тоа може да биде изнајмувано за парење. Тој може да си ги врати парите за само неколку години“ – изјавил Лу Лијанг кој одгледува кучиња од оваа раса.

Пред продажбата на Hong Dong, најскапото куче беше Yangtze River Number Two, исто така од расата тибетски мастиф, кој беше продаден за 380 000 фунти.

Tags
куче

Најнови

  • Бруклин Бекам го прослави 27-миот роденден со сопругата, Викторија и Дејвид со слатки објави и покрај несогласувањата

    Thu, 03/05/2026 - 09:10
  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.