Вчера, во Лос Анџелес се одржа церемонијата по повод доделувањето на наградите Еми, на која им беа врачени признанија на најдобрите од телевизиските екрани за изминатата година.
На манифестацијата во „Микрософт“ театарот, парадираа бројни филмски и телевизиски ѕвезди.
За свеченоста, Зендаја Колман избра зелена креација од Вера Ванг, Емилија Кларк својот изглед ѝ го довери на модната куќа Валентино, Менди Мур се појави во двобојна креација од Брендон Максвел, а Наоми Вотс носеше црн фустан од Диор.
Погледнете како изгледаа гостинките на 71-вото издание на Еми и оценете го нивниот стил:





















































