Синоќа, во „Микрософт“ театарот во Лос Анџелес се одржа свеченото доделување на SAG (Screen Actors Guild) наградите.
Главната награда на вечерта ја доби „Black Panther”. Филмскиот хит на Марвел ги победи конкурентите „A Star Is Born“, „Bohemian Rhapsody“, „Crazy Rich Asians“ и „BlacKkKlansman“ и ја освои наградата за Извонредна изведба на филмска екипа.
Статуетката за Најдобар актер очекувано заврши во рацете на Рами Малек за портретирањето на Фреди Меркјури во „Bohemian Rhapsody“, додека за Најдобра актерка беше прогласена Глен Клоус за „The Wife“.
Наградата за Најдобар актер во споредна улога му припадна на Махершала Али за „Green Book“, а Емили Блант се закити со статуетката за Најдобра актерка во споредна улога за „A Quiet Place“.
Кога станува збор за телевизиските серии, во категоријата драма победник е „This Is Us“, додека во категоријата комедија се истакна „The Marvelous Mrs. Maisel“.
Погледнете како изгледаа славните дами на сивиот тепих и оценете го нивниот стил:















































