Ѕвездите од музичката индустрија синоќа го покажаа својот сексапилен стил на синиот тепих на Billboard Music Awards во Лас Вегас.
Елегантните креации на Зухаир Мурад беа најбројни на свечениот настан. Познатиот дизајнер ги облече Џенифер Лопез, Тејлор Свифт и Еми Росум. Во гламурозната модна парада се истакна Мадона со смел аутфит кој ги отскри нејзините нозе.
Погледнете го и оценете го модниот избор на славните:





















