Американската фондација за истражување на сидата организираше нова хуманитарна гала за собирање на средства за потпомагање на борбата со оваа болест.
Свеченоста, која синоќа се одржа во Њујорк, ја поддржаа бројни славни личности.
Хајди Клум носеше креација до Зухаир Мурад, Ешли Грем ги истакна облините во фустан од Вивиен Вествуд, додека Сиена Милер својот изглед ѝ го довери на модната куќа Диор.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил.







































