Канскиот филмски фестивал секоја година привлекува илјадници славни лица од целиот свет. За време на десетдневниот настан, традиционално се одржува и хуманитарната гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата).
Ова е 23-то издание на добротворната манифестација која до ден-денес има собрано над 170 милиони долари.
Преку аукција, присутните имаа можност да подарат дел од своето богатство за потпомагање на борбата против сидата. Леонардо Дикаприо „продаде“ еднонеделен престој во неговиот дом во Палм Спрингс додека тој е отсутен, додека Ума Турман стави на аукција жежок бакнеж. Со модна ревија беа продадени 30 фустани за 1,4 милиони евра, а скулптура од Дамијан Хирст беше купена за 3,1 милион евра.
Голема армија славни дами се покажаа во гламурозни изданија. Погледнете што носеа гостинките и оценете го нивниот стил:

















































