Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на SAG (Screen Actors Guild) наградите. „American Hustle“ ја освои главната награда на вечерта. Филмскиот хит ги победи конкурентите „12 Years a Slave“, „August: Osage County“, „Dallas Buyers Club“ и „The Butler“ и ја доби наградата за Извонредна изведба на филмска екипа.
Метју Меконахи за „Dallas Buyers Club“ ја прими наградата за Најдобар актер во главна улога, а Кејт Бланшет беше прогласена за Најдобра актерка во главна улога за „Blue Jasmine“.
Лупита Нионго ја освои наградата за Најдобра актерка во споредна улога за „12 Years a Slave“, додека Џаред Лето беше прогласен за Најдобар актер во споредна улога за филмот „Dallas Buyers Club“.
Кога станува збор за телевизиските серии, во категоријата драма победник е екипата на „Breaking Bad“, а во категоријата комедија наградата заврши во рацете на актерите од „Modern Family“.
SAG наградите се добар показател за тоа кој ќе ги освои оскаровските статуетки.
Комплетната листа на победници можете да ја разгледате тука.
Погледнете фотографии од црвениот тепих и оценете го изгледот на славните дами на свечениот настан.







































