Лос Анџелес беше домаќин на уште една холивудска манифестација. Синоќа беа доделени SAG (Screen Actors Guild) наградите.
Наградата Извонредна изведба на филмска екипа ја освои филмот „Spotlight“.
Леонардо Дикаприо очекувано беше награден за својата улога во „The Revenant“ и ја доби титулата Најдобар актер во главна улога, а Бри Ларсон беше прогласена за Најдобра актерка во главна улога за филмот „Room“.
Наградата за Најдобра актерка во споредна улога заврши во рацете на Алисија Викандер за „The Danish Girl“, додека пак за Најдобар актер во споредна улога беше прогласен Идрис Елба за „Beasts of No Nation“.
Од телевизиските серии, „Downton Abbey“ беше избрана за Најдобра драма, а во категоријата комедија беше наградена серијата „Orange Is the New Black“.
На Кевин Спејси му беше врачена наградата Најдобар актер во серија драма, за неговата улога во „House of Cards“.
Комплетната листа на победници можете да ја разгледате тука.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил.













































