Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на SAG (Screen Actors Guild) наградите. „Birdman“ ја освои главната награда на вечерта. Филмскиот хит ги победи конкурентите „Boyhood“, „The Grand Budapest Hotel“, „The Imitation Game“ и „The Theory of Everything“ и ја доби наградата за Извонредна изведба на филмска екипа.
Еди Редмејн за „The Theory of Everything“ ја прими наградата за Најдобар актер во главна улога, а Џулиен Мур беше прогласена за Најдобра актерка во главна улога за „Still Alice“.
Патриша Аркет ја освои наградата за Најдобра актерка во споредна улога за „Boyhood“, додека Џеј Кеј Симонс беше прогласен за Најдобар актер во споредна улога за филмот „Whiplash“.
Кога станува збор за телевизиските серии, во категоријата драма победник е екипата на „Downton Abbey“, а во категоријата комедија наградата заврши во рацете на актерите од „Orange Is the New Black“.
Погледнете фотографии од црвениот тепих и оценете го стилот на славните дами на свечениот настан.
SAG наградите се добар показател за тоа кој ќе ги освои оскаровските статуетки.
Комплетната листа на победници можете да ја разгледате тука.















































