Гламурот на стариот Холивуд владееше на црвениот тепих на Оскарите. Фустани со едноставни, но впечатливи силуети во нежни пудра нијанси беа најчестиот избор на холивудските ѕвезди.
Џенифер Лоренс и Шарлиз Терон шармираа со елегантни креации од модната куќа Кристијан Диор. Блесокот ги освои Џесика Частејн, Сандра Булок, Стејси Киблер, Хали Бери и Кетрин Зета-Џонс, па петте дами избраа секси долги фустани кои мамеа погледи со разиграниот сјај.
Адел блесна во црна креација на Џени Пекам со извезени блескави камчиња. „Мојот фустан тежи 50 кила“ – се пошегувала таа.
Џенифер Гарнер гордо позираше покрај Бен Афлек во фустан од Гучи, направен специјално за неа. „Го направија за мене... Го засакав уште од моментот кога ја видов првата скица“ – рекла таа.
Џенифер Анистон избра црвен принцески фустан од Валентино, а Наоми Вотс тоалета во футуристички стил.
Едно е сигурно – ѕвездите оваа година играа на сигурно, па немаше модни утки, како што и немаше модни погодоци на кои сите би им се восхитувале.
Погледнете што носеа ѕвездите и оценете го нивниот стил:





































