Дамите на Холивуд зачекорија со стил на црвениот тепих пред почетокот на 84-тите по ред Оскари. Милиони обожаватели ја следеа нивната прошетка пред објективите на фотографите и го коментираа нивниот моден избор за најголемата вечер за филмската индустрија.
Светли бели и студено-сребрени нијанси преовладуваа на дизајнерските вечерни тоалети на познатите дами. Анџелина Џоли беше една од ретките кои носеа црно, а оскаровската златна боја ги обои фустаните на победничката Мерил Стрип и девојката на Џорџ Клуни, Стејси Киблер.
Елегантни едноставни фризури и минималистички накит го комплетираа стилот на ѕвездите. Погледнете и оценете.







































