Синоќа во Њу Џерси се одржа 36-тото издание на MTV VMA, на кое беа наградени најдобрите во музичката индустрија за изминатата година.
Наградата за Видео на годината заврши во рацете на Тејлор Свифт за „You Need to Calm Down“, Аријана Гранде беше избрана за Изведувач на годината, а за Најдобар нов изведувач беше прогласена Били Ејлиш.
Статуетката за Најдобра соработка им беше доделена на Шон Мендес и Камила Кабејо за хитот „Señorita“.
Погледнете како изгледаа славните гостинки на црвениот тепих и оценете го нивниот стил:

























