Модата и музиката се споија на доделувањето на престижните награди Греми. На црвениот тепих во Лос Анџелес, парадираа бројни ѕвезди од светот на музиката и шоу-бизнисот облечени во креации од врвни модни куќи.
Џенифер Лопез изгледаше шармантно во нежен фустан од Ралф и Русо, Селин Дион избра креација од најновата колекција на Зухаир Мурад, Бијонсе го сокри трудничкото стомаче под блескав фустан од Питер Дандас, додека Криси Тиген се појави во црн припиен фустан од Роберто Кавали.
Погледнете како изгледаа славните дами на 59-тото по ред издание на манифестацијата и оценете го нивниот стил:



















































