Престижната манифестација Еми собра дел од холивудската елита која неуморно ја забавува публиката пред малите екрани. Дамите гордо чекореа по црвениот тепих во дизајнерски креации.
Софија Вергара ги истакна своите облини во бела креација од Роберто Кавали, Хали Бери изгледаше беспрекорно елегантно во нежен фустан од Ели Сааб, бремената Хајден Пенетиер заблеска во креација на Лорена Сарбу, додека Ванеса Вилијамс шармираше во смарагдно зелен фустан со пеплум.
Погледнете го и оценете го стилот на дамите.





















































