Синоќа се одржа доделувањето на наградите на CMA (Country Music Association), за најдобрите во кантри музиката за изминатата година.
Кери Андервуд, која по деветти пат е водителка на манифестацијата, се пресоблече единаесет пати во текот на вечерта. На црвениот тепих, таа блесна во волуменозен фустан од Мајкл Синко.
58-годишната Шерон Стоун привлекуваше внимание во црна креација со V-деколте, Бијонсе заведуваше во фустан од Зухаир Мурад, Тејлор Свифт избра креација од Џулиен Мекдоналд, а Никол Кидман својот изглед ѝ го довери на модната куќа Гучи.
Погледнете како изгледаа славните на церемонијата и оценете го нивниот стил:



























