Синоќа беа доделени Британските модни награди. На свеченоста во Лондон, бројни ѕвезди од модната индустрија и шоу-бизнисот се потрудија да блеснат во најдобро светло.
За време на манифестацијата во „Ројал Алберт Хол“, Наоми Кембел беше прогласена за Модна икона. Таа не можеше да ги задржи солзите додека држеше говор на сцената.
За Бренд на годината беше изгласан Bottega Veneta, а наградата Urban Luxe ѝ беше доделена на Ријана за нејзиниот бренд Fenty.
Дизајнерот Даниел Ли од модната куќа Bottega Veneta се закити со две награди – Дизајнер на годината и Најдобар британски дизајнер на женска облека.
Модел на годината стана Адут Акеч.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил:

















































