Синоќа, Лондон беше домаќин на најважната ноќ за британската модна индустрија.
Во салата „Ројал Алберт Хол“ беа доделени Британските модни награди, а пред да започне големата манифестација, бројни ѕвезди парадираа на црвениот тепих во блескави стајлинзи обидувајќи се да измамат позитивни критики.
Донатела Версаче беше прогласена за Модна икона, а Аџоа Абоа ја доби наградата Модел на годината.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил:

































