• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Ќерката на Силвестер Сталоне станува модел, позираше за „Teen Vogue“

11 февруари 2015, 20:52
  • cподели

Систин Роуз Сталоне нема намера да го наследи татко си Силвестер Сталоне и да се бори за место во Холивуд. Но, затоа пак тргнува по стапките на својата мајка Џенифер Флавин и веќе започна да гради кариера во модната индустрија.

16-годишната девојка е категорична дека сака да стане модел, а нејзиниот најнов едиторијал е за „Teen Vogue“.

Систин Роуз Сталоне

Во интервјуто за списанието, Систин признала дека е ужасна актерка. „Јас сум ужасна актерка! Мразам да се гледам себеси на камера, изгледам смешно“ – рекла таа.

Сопругата на Сталоне, Џенифер Флавин е поранешен модел, па Систин вели дека мајка ѝ ја подучува како да чекори низ светот на модата. „Таа ме подучи која е мојата добра страна, која е мојата лоша страна, како да чекорам на писта и како да се претворам во друга личност кога носам одреден аутфит“ – изјавила таа.

Силвестер Сталоне има уште две ќерки, 18-годишната Софија Роуз и 12-годишната Скарлет Роуз. Минатата година целото семејство неколку пати заедно чекореше на црвениот тепих.

Семејството СталонеСталоне со сопругата и ќерките на премиерата на „The Expendables 3“ во Лондон Семејството СталонеСемејството Сталоне на холивудската премиера на „The Expendables 3“ Семејството Сталоне
Tags
Силвестер Сталоне
Систин Роуз Сталоне

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.