• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Фит мајка на 3 деца разбесни и инспирира илјадници на Facebook

16 октомври 2013, 13:23
  • cподели

Блогерката Марија Канг привлече огромно внимание со фотографија на која позира со своите три деца. На фотографијата таа го покажува своето тонирано тело во спортски градник и тесни кратки панталончиња, додека до неа седат нејзините три сина. Но, она што ѝ донесе на 32-годишната мајка лавина од негативни и позитивни коментари е натписот над нејзината глава – „Кој е вашиот изговор?“

Марија со трите сина

Фотографијата досега има над 16 милиони прегледувања, повеќе од 180.000 лајкови и над 20.000 коментари на Facebook. Додека некои се одушевени од упорноста и мотивираноста на Марија да го одржува своето тело, други се засегнати од нејзиното прашање.

Во дел од коментарите, луѓе од целиот свет ја поддржуваат Марија и за нив фотографијата е инспиративна. Од друга страна, воопшто не се малку негативните коментари во кои Марија е обвинувана дека ги напаѓа жените кои не се во форма и дека е очајна за слава.

Во интервју за Yahoo, Марија изјавила дека немала намера да поттикне негативни чувства кај жените. „Сакав да ги инспирирам луѓето. Сакав да кажам: Знам дека мислите дека немате време ако имате деца. Но, ако јас можам, можете и вие“ – рекла таа.

Многумина избрзаа со коментари дека некои од причините што Марија има време за вежбање се што не работи и има дадилки да ѝ ги чуваат децата. Вистината е дека Марија е сопственик на две фирми и има полно работно време, а нема дадилки кои се грижат за нејзините малечки.

Во минатото таа страдала од нарушувања во исхраната, но сега е посветена на здравиот живот. Се буди во 6 часот наутро, никогаш не гледа телевизија и додека е во паркот со децата ја користи приликата за кратки вежби. Тонираното тело на Марија е резултат на вежбање 5-6 пати неделно по еден час (половина час кардио кое вклучува зумба, трчање или качување по скали и половина час тренинг за сила).

„Пораснав со мајка со наднормална тежина и гледав колку се мачеше и токму тоа ме инспирира да останам фит. Мајка ми беше примена на ургентно одделение поради здравствени причини на мојот свадбен ден. Таа навистина ме инспирира да се грижам за себе“ – објаснила Марија за ABC News.

За лошите зборови кои ги доби на своја адреса, таа коментирала: „Навикната сум на тоа. Но, не е пријатно чувството да не им се допаѓаш на луѓето. Сметам дека луѓето кои се кријат зад своите тастатури мислат дека не сум човек и дека немам лоши денови... Дека не се борам со мојата тежина и желбата за храна и ПМС. На оваа фотографија, за нив, јас сум личност која никогаш не преживеала тешкотии.“

На бројните негативни коментари таа одговори: „Жал ми е што ја сфативте фотографијата на негативен начин. Нема да навлегувам во детали дека се борев со моите гени, имав нарушување во исхраната, работам полно работно време додека поседувам два бизниса, немам дадилка, не сум природно слаба и не работам како личен тренер. Ќе го кажам следново. Вашето толкување не е моја вина. Ваша е. Првиот чекор во тоа да го поседувате својот живот, своето тело и својата судбина е да ги поседувате мислите кои се појавуваат во вашата глава. Јас не ги создадов нив. Вие ги создадовте. Ако сакате да продолжите да ја мразите оваа фотографија, навикнете се да мразите многу други нешта до крајот на животот.“

Tags
Марија Канг

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.