• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Ѕвездата од филмовите „Сам дома“ ги шокира фановите со својот изглед

10 февруари 2012, 10:58
  • cподели

Слаткото дете од филмовите „Сам дома“ беше миленик на милиони луѓе низ цел свет. Токму затоа огромен број фанови на Меколи Калкин вчера беа шокирани откако се појави нова фотографија од него, а на која тој изгледа шокантно слаб.

Меколи КалкинМеколи Калкин на прошетка во Њујорк со енергетски пијалак во раката

31-годишниот актер беше фотографиран во Њујорк и од фотографиите кои ги објави ET (Entertainment Tonight) може да се види неговото слабо и бледо лице. Загрижените обожаватели веднаш започнаа да прашуваат за неговото здравје, а неговиот претставник за јавноста побрза да негира дека Калкин има проблеми со здравјето.

„Меколи Калкин е во совршено добро здравје. Entertainment Tonight, или кој било друг медиум што шпекулира поинаку е неразумен, неодговорен и деструктивен. Ги замолуваме да прекинат со озборувањата“ – изјавил претставникот.

Меколи Калкин стана вистинска ѕвезда благодарение на филмовите „Сам дома“, а голема популарност стекна и неговиот филм „Richie Rich“. Уште додека беше млад, актерот се „разведе“ од своите родители, обвинувајќи ги дека неразумно ги управуваат неговите финансии и назначи сметководител да се грижи за неговите пари додека не наполни 18 години.

Меколи КалкинМеколи Калкин во „Сам дома“

Во 1998 година Калкин стапи во брак со актерката Рејчел Мајнер, но се разведе од неа четири години подоцна. Во 2002 година Калкин започна врска со Мила Кунис. Две години подоцна беше уапсен за поседување на марихуана, но по кратко време поминато в затвор беше пуштен на слобода. На почетокот на минатата година претставник на Мила потврди дека нејзината 8-годишна врска со Калкин е завршена.

Меколи Калкин и Мила КунисМеколи Калкин и Мила Кунис
Tags
Меколи Калкин
Мила Кунис

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.