• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Ѕирнете како Адријана Лима се подготвува за шоуто на Victoria’s Secret

7 ноември 2011, 17:29
  • cподели

Шоуто на Victoria’s Secret е спектакуларен моден настан редовно следен од над 8 милиони луѓе. На ревијата, едни од најубавите жени на светот дефилираат облечени во фантастични креации.

Но, за да изгледа сè совршено, зад завесата подготовките започнуваат месеци порано. Познатиот британски медиум Telegraph успеа да добие пристап до една од пробите за големиот настан кој ќе се одржи в среда и да поразговара со Адријана Лима за нејзината подготовка. Дополнително, можете да видите неколку од креациите кои Лима ќе ги носи на долгоочекуваната ревија.

Адријана Лима Адријана Лима

30-годишната манекенка започнала да тренира за ревијата секој ден уште од август, а во последните три недели таа вежба и по двапати дневно.

„Навистина е напорно и тоа не само затоа што се вежба долго време, туку и поради интензитетот: скокам на јаже, боксувам, кревам тегови. Ми здосадува да го правам тоа. Ако не се движам, лесно ми здосадува“ – изјавила Лима.

Адријана Лима Адријана Лима

Покрај вежбањето, Лима редовно се консултира со нутриционист кој ја мери нејзината мускулна маса, мастите во телото и задржаната вода. Тој ја советува кои витамини, суплементи и протеински шејкови да ги пие за да може да си ја зачува енергијата за време на тренинзите.

Адријана Лима Адријана Лима

Адријана пие скоро по 4 литри вода дневно. Девет дена пред шоуто таа ја исклучува цврстата храна од менито и консумира само протеински шејкови во кои има и јајца во прав. Во текот на двата дена пред ревијата Лима пие само нормално количество вода, а во последните 12 часа воопшто не пие вода.

Адријана Лима Адријана Лима
Адријана Лима Адријана Лима

„Без никакви течности за да се исушиш, понекогаш можеш да изгубиш до 3,5 килограми само од тоа“ – признала Лима.

Лима е ангел на Victoria’s Secret уште од 2000 година и признава дека тоа е остварување на нејзините соништа. „Тоа отвора толку многу врати, сите го знаат твоето име, цел свет те препознава. Секој модел на овој свет би сакал да биде Ангел“ – дополнила Адријана.

Адријана Лима Адријана Лима
Адријана Лима Адријана Лима
Tags
Victoria's Secret
Адријана Лима

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.