ФОТО: Џенифер Лопез шармираше покрај Каспер Смарт на премиерата на неговиот филм во Холивуд
Џенифер Лопез го придружуваше својот партнер Каспер Смарт на премиерата на неговиот филм „The Perfect Match“ во Холивуд.
46-годишната актерка и пејачка шармираше пред објективите облечена во тесен фустан од Cushnie et Ochs, обувки од Кристијан Лобутин и чанта Валентино. За изгледот на Лопез беше задолжено стилското дуо Роб Зангарди и Мариел Хен.
На премиерата Лопез и Смарт изгледаа заљубено. Неодамна, 28-годишниот актер изјави дека со Лопез не чувствуваат притисок да стапат во брак и дека се среќни со својата врска.
Филмот „The Perfect Match“ ќе започне да се прикажува во кината в петок.