• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Џеј Ло, Џесика Алба и Анистон блескаа на доделувањето на наградите на „Гламур“

8 ноември 2011, 14:54
  • cподели

Џенифер Лопез, Џесика Алба, Ема Стоун и Џенифер Анистон со многу шарм, харизма и стил ја разубавија манифестацијата за доделување на наградите „Жена на годината“, организирана од списанието „Гламур“.

Џенифер Лопез беше главна ѕвезда на вечерта. Облечена во сребрена тоалета на Версаче со висок шлиц, Џеј Ло блескаше и на црвениот тепих и на сцената додека ја примаше наградата „The All-Star“ од рацете на Донатела Версаче. Целосниот изглед 42-годишната актерка и пејачка го имаше надополнето со чевли на Џими Чу и чантичка повторно на Версаче.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез
Уредничката на Гламур (Синди Леви), Џенифер Лопез и Донатела Версаче Уредничката на Гламур (Синди Леви), Џенифер Лопез и Донатела Версаче

Џесика Алба пленеше со слатка креација од Тори Бурч и токму на дизајнерката на нејзиниот фустан ѝ ја додели наградата „The Fashion Force“.

Џесика Алба Џесика Алба

Ема Стоун воодушеви со златникава тоалета на Ланвин додека ја исполнуваше својата улога на презентерка. 23-годишната актерка ја додели наградата „21 Years, 21 Young Women“. Наградата отиде во рацете на 21 дама кои успеале да постигнат нешто значајно. Една од тие дами е и 10-годишна девојка која открила супернова.

Ема Стоун Ема Стоун

Џенифер Анистон се појави на гламурозниот настан за да ѝ ја врачи на својата пријателка Челси Хендлер наградата „Тhe Queen of the Night“. Анистон изгледаше елегантно и одмерено во црна тоалета на Версаче, а Хендлер носеше темно син костум на Стела Мекартни.

Челси Хендлер и Џенифер АнистонЧелси Хендлер и Џенифер Анистон
Tags
Glamour

Најнови

  • Ѓоковиќ во првиот ред на претстава кај Милош Биковиќ: „Секоја средба со тебе збогатува и инспирира“

    Thu, 08/13/2026 - 22:38
  • Персеиди

    100 метеори на час: Неверојатниот спектакл на Персеидите низ Македонија и светот

    Thu, 08/13/2026 - 21:39
  • „Ликот на човек по 24 часа дежурство, 7 породувања и 44 прегледи“: Д-р Вангелов со моќна објава за лекарите

    Thu, 08/13/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.