• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Девојката која стана ѕвезда на Instagram поради својот задник

3 јануари 2014, 17:55
  • cподели

Џен Селтер има над 1,3 милиони следбеници на Instagram само поради својот задник. 20-годишната девојка од Њујорк со секоја објавена фотографија не само што си ја зголемува популарноста, туку и многу добро заработува, привлекувајќи големи компании за спортска опрема и за суплементи.

Џен Селтер Џен Селтер

Џен започнала да вежба интензивно пред неколку години. Откако увидела дека фитнесот е една од поатрактивните теми на Instagram, си направила профил на кој ги мотивирала и инспирирала своите следбеници.

„Сметам дека мотивирам и инспирирам луѓе ширум светот“ – изјавила таа за New York Post и дополнила дека секогаш внимава нејзините фотографии да не се премногу провокативни. Денес секоја нејзина фотографија добива десетици илјади лајкови, а меѓу нејзините фанови се и познати лица како Ријана.

Џен Селтер Џен Селтер Џен Селтер Џен Селтер

Џен се откажала од продолжување на образованието по завршувањето на средното училиште и вели дека не жали за тоа, бидејќи заработува повеќе од многу луѓе со факултетска диплома. Нејзината заработка доаѓа од повеќе големи компании кои ѝ плаќаат на Џен за да ги рекламира нивните производи на Instagram. Во иднина таа планира да лансира и своја колекција спортска облека.

Џен Селтер Џен Селтер

Покрај бројните позитивни коментари за изгледот и упорноста, Џен добива и многу негативни критики. „Имам фанови кои се огледуваат на мене. Потоа има мажи од кои ми се наежува кожата. Но, има и тон хејтери кои велат многу одвратни нешта. Луѓето мислат дека сум спонзоруша и што ли уште не. Не. Јас сум како сите други. Секој што работи напорно, може да биде таму каде што сум јас“ – рекла таа во интервју за Elle.

Во центарот на речиси сите фотографии на Џен е нејзиниот задник, затоа што таа смета дека луѓето не се многу заинтересирани да го гледаат нејзиното лице.

Многумина се убедени дека нејзиниот задник е вештачки. „Моето тело е природно, од градите надолу“ – рекла таа и објаснила дека си имала направено пластична операција само на носот.

Џен Селтер Џен Селтер
Tags
Instagram

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.