ФОТО: Дедо Мраз качен на пожарникарски скали ги изненади болните дечиња на Детската клиника во Скопје
Дедо Мраз им однесе предновогодишна радост на болните дечиња на Детската клиника во Скопје. Тој им подели подароци на малите пациенти преку балконите, а посетата ја изврши качен на скалите на противпожарно возило.
„Точно во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените во чест на децата во болница и го најави доаѓањето на Дедо Мраз. Дечињата, подароците ги пречекаа на терасите на Клиниката, заедно со нивните родители, директорката на Клиниката Аспазија Софијанова и целиот медицински персонал.“
„Поради пандемијата, годинава Детската Клиника на поинаков начин ги израдува најмладите пациенти, а министерот Филипче и оваа година традиционално им подели пакетчиња“ – пишуваат од Детската клиника.
„Новогодишно изненадување на детската клиника - Дедо Мраз го донесоа пожарникарите. Радоста во детските очи е најскапоценото нешто во светот. Традиционално, секоја година ги изненадуваме најмалите пациенти, а оваа година тоа беше навистина посебно. Им посакувам што побрзо заздравување и многу среќни мигови“ – пишува министерот за здравство.
Новогодишно изненадување на детската клиника - Дедо Мраз го донесоа пожарникарите. Радоста во детските очи е...
Posted by Венко Филипче on Sunday, December 27, 2020