• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Бритни покажа многу кожа и тетоважи на препоните

10 март 2011, 11:46
  • cподели

Бритни Спирс сака да покаже дека е во добра форма. 29-годишната пејачка позираше за списанието Out во облека која не покрива многу од нејзиното тело.

На две од фотографиите таа носи боди со танга кое открива две тетоважи на нејзините препони, а на трета фотографија Бритни е облечена во градник, гаќички и сако.

Бритни Спирс Бритни Спирс
Бритни Спирс Бритни Спирс

А еве и дел од интервјуто на Бритни за Out:

Out: На што ги потроши парите од првиот голем чек што го доби?

БС: На светол бел Мерцедес кабриолет.

Out: Кога започнуваше, според чија кариера се раководеше за да ја градиш својата?

БС: Според кариерата на Мадона. Без сомнение. Таа е одличен изведувач. Покрај Мадона, исто така ѝ се восхитувам на кариерата на Сара Џесика Паркер и нејзината колекција обувки.

Out: Под претпоставка дека постои реинкарнација, во претходниот живот мислам дека бев...

БС: Одри Хепберн, затоа што таа беше трендсетерка.

Out: Под претпоставка дека постои реинкарнација, во наредниот живот би сакала да бидам...

БС: Птица, за да можам да летам.

Out: Мојата замисла за пеколот е...

БС: Да сум на диета.

Out: Мојата замисла за рајот е...

БС: Да сум на патување со моите деца.

Out: Кој е најдобриот совет што некогаш си го добила и кој ти го даде?

БС: Мајка ми ми рече: ако имаш лош ден, јади сладолед. Тоа е најдобриот совет.

Out: Кој е најлошиот бизнис совет што некогаш си го добила?

БС: Некој еднаш ми рече дека во спотот за „…Baby One More Time“ треба да бидам суперхерој што ќе се бори со гигантски робот чудовиште.

Out: Кој е последниот кошмар што си го сонувала?

БС: Дека некој ме брка.

Out: Како би се чувствувала ако еден од твоите синови стане хомосексуалец?

БС: Јас ги сакам моите момчиња без оглед на сè.

Out: Дали ја слушаш музиката на други современи музичари?

БС: Да. Ја сакам Лејди Гага и Ријана. Песната „S & M“ на Ријана е одлична.

Out: Која песна од последните 10 години би сакала ти да ја снимеше?

БС: Песната „Love the Way You Lie“ на Ријана и Еминем.

Out: Која е најглупавата и најсмешната гласина објавена за тебе?

БС: Дека сум вонземјанин.

Out: Која гласина те има здоболено најмногу?

БС: Дека сум загинала во сообраќајна несреќа.

Out: Која жена (жива или мртва) може да направи да размислиш двапати за својата сексуалност?

БС: Моите очи се само за мажи.

Out: Дали имаш некоја фобија?

БС: Имам фобија од летање со авион, затоа што немам контрола.

Out: Што мислиш за пластичната хирургија?

БС: Кога ќе дојде времето, сигурна сум дека ќе ја разгледам како опција.

Out: Бакнувањето на Мадона беше...

БС: Кул.

Out: Си била мажена два пати – еднаш само 55 часа. Што мислиш за хомосексуалните бракови?

БС: Мислам дека сите треба да бидат третирани еднакво.

Out: Лејди Гага е...

БС: Уникатна.

Out: Кристина Агилера е...

БС: Навистина талентирана.

Tags
Бритни Спирс

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.