• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Бразилската „Барби“ тврди дека изгледа како кукла без пластични операции

17 декември 2015, 15:30
  • cподели

Девојка, која е нарекувана „жива Барби“ и често е споредувана со анимираниот лик Елса од „Frozen“, тврди дека нејзиниот изглед е природен и дека го постигнала без пластични операции и диети.

Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани

Андреса Дамијани, која има струк од 50 см, вели дека отсекогаш наликувала на кукла, но решила уште повеќе да го потенцира тоа во своите 20-ти години преку промени во облеката и шминката. Сепак, и покрај обидите да им докаже на луѓето дека никогаш не легнала под нож, 23-годишната Бразилка често е обвинувана дека е лажга и дека нејзиниот изглед е резултат на пластични операции.

„Луѓето не ми веруваат кога ќе им кажам дека никогаш не сум се подложила на пластична операција и мислат дека гладувам зашто сум многу слаба. Ме викаат лажга. Целосно непознати лица ми кажуваат дека им е одвратно да ме гледаат в лице и дека се плашат кога ќе ме видат во близина. Некои луѓе бегаат од мене кога ќе ме видат“ – вели таа.

„Откако се сеќавам за себе сум изгледала како кукла. Се шминкам минимално, не држам диети и ги шетам моите кучиња за вежбање“ – додава таа.

Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани

За време на школските години, Андеса често била задевана поради невообичаениот изглед и поради тоа што не се развивала како своите врснички. Таа била срамежлива и повлечена сè додека еден ден не решила не само да се прифати онаква каква што е, туку уште повеќе да ги потенцира своите куклести делови од телото.

„Сфатив дека е време да ги потенцирам моите куклести делови од телото, наместо да се обидувам да се вклопам во општоприфатените стандарди за убавина кои никогаш нема да ги достигнам. Започнав да носам леќи и шминка која создава илузија на кукла. Исто така, започнав да носам слатка облека во моите омилени бои – пастелна розова, небесно сина и јоргован“ – вели 23-годишната Бразилка.

„Изгледот на вистинска барбика ми помогна да си ја зголемам самодовербата. Чувството дека сте убави и самоуверени е многу важно, а не бесмислено како што сметаат некои. Се чувствувам убаво вака. Сакам да им покажам на луѓето дека секој може да изгледа како кукла. Не мора да бидете слаби или русокоси. Само создајте свој изглед и бидете среќни“ – советува Дамијани, која има свој YouTube канал каде покажува туторијали за постигнување на нејзиниот изглед.

Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани

Во моментов неа ја следат речиси 700 илјади на YouTube.

Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани Андреса Дамијани
Tags
барбика
Валерија Лукјанова

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.