• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Актерка шокантно слаба на црвениот тепих

11 октомври 2012, 12:24
  • cподели

Актерката Антонија Кембел-Хјус шокираше со својата преслаба фигура на премиерата на филмот „Frankenweenie“ во Лондон.

Антонија Кембел-Хјус Антонија Кембел-Хјус

Слабиот изглед на 30-годишната актерка отвори дебата дали актерите треба да преземаат толку екстремни мерки за филмски улоги. Антонија го снима филмот „3096“, кој е инспириран од вистинска случка. Таа влегува во улогата на Наташа Кампуш која беше киднапирана од Волфганг Приклопил на 10-годишна возраст и беше држена заробена во неговиот дом 8 години, или поточно 3096 дена.

Со цел подобро да ги долови страдањата на Наташа, Антонија изгубила многу од својата тежина. „Кога глумиш некој реален, чувствуваш како да треба да дадеш повеќе од себе. Уште од самиот почеток беше јасно дека ќе страдам исто колку што страдала и таа“ – изјави Антонија пред неколку месеци.

Антонија Кембел-Хјус Антонија Кембел-Хјус

„Делови од мојата глава беа избричени. Бев гола во текот на речиси два месеца. Слабеењето дојде многу лесно. Работам 24/7 и на некој начин го јадам она што Наташа го јадеше – не многу и не многу често“ – призна актерката за „London Evening Standard“.

Но, наместо да го покрие своето слабо тело со малку позатворен фустан, Антонија во Лондон се појав во проѕирен фустан од Алберта Ферети со чипка, кој ги откри нејзините коски.

Антонија Кембел-Хјус

Антонија не е единствена актерка којашто драстично ја менува тежината за филм. Моментално Метју Меконахи е на екстремна диета и има изгубено 13 килограми за улогата на лице заболено од СИДА.

Метју Меконахи со својата мајкаМетју Меконахи со својата мајка, фотографиран пред неколку дена

Во шоу-бизнисот ќе остане запаметено големото слабеење на Кристијан Бејл за неговата улога во филмот „The Machinist“.

Кристијан БејлКристијан Бејл

Пред две години исто така шокираше раперот 50 Cent, кој ослабе 25 килограми за улогата на спортист кој боледува од рак.

50 Cent50 Cent
Tags
шокантно слаба
Антонија Кембел-Хјус

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.