• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ФОТО: 46-годишна баба го роди своето внуче, зашто ќерка ѝ не може да има деца поради леукемија

25 август 2016, 11:05
  • cподели

Фотографиите од мајка која ѝ раѓа дете на својата ќерка ќе ви покажат дека мајчината љубов не познава граници. 46-годишната жена го износи и роди својот внук, бидејќи нејзината ќерка не можела да го направи тоа поради компликации од борбата со леукемија.

Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис

Имено, на Алис Хохенхаус ѝ била дијагностицирана леукемија кога таа имала само 4 години. На 9-годишна возраст леукемијата повторно се вратила и таа морала да помине низ третман со радијација на целото тело и пресадување на коскена срж од помалиот брат. Како последица на лекувањето, шансите Алис да зачне биле сведени на минимум.

И покрај лошите прогнози, Алис забременила на 23 години, но го изгубила своето бебе. Тогаш ја добила веста дека никогаш нема да може да износи бебе до терминот за породување.

Гледајќи го страдањето на својата ќерка, мајката Тереза одлучила да биде сурогат и да го исполни сонот на својата ќерка за основање на семејство. „Алис веќе ги имаше ембрионите, па си помислив зошто да не го направам тоа“ – рекла Тереза, која има 4 свои деца и во минатото имала згрижено над 50 деца.

Возраста не била пречка таа набрзо да забремени. „Беше неверојатно и на секој преглед и секој скрининг одевме заедно и плачевме заедно... ние сме многу блиски“ – изјавила грижливата Австралијка.

Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис

„За малку двапати ќе ја изгубев Алис. Сакав да ја усреќам и кога сега ја гледам среќна, знам дека вредеше. Морам да кажам дека тоа беше најубавото искуство во мојот живот. Беше прекрасно. На почетокот бев загрижена за тоа како ќе ѝ го предадам, а и Алис беше загрижена дали ќе се справам со таа болка, но двете поминавме низ тоа и искрено, ќе го ценам тоа додека сум жива“ – додала таа.

Тереза и Алис Тереза и Алис Тереза и Алис

Тереза се породи на 2 јуни и вели дека би го направила истото повторно за својата ќерка. „Би го направила тоа повторно. Би било прекрасно Паркер да има брат или сестра. Не мислам дека ќе го донираме тој последен ембрион. Би направила сè за да ги видам моите деца среќни и навистина вреди сè кога ја гледам Алис толку многу среќна“ – вели Тереза.

Дени ВејкфилдТереза со трите ќерки Дени ВејкфилдТереза со Паркер
Tags
леукемија
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.