• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

27 ноември 2024, 11:45
  • cподели

„Само додај Coca-Cola“ кампањата на маркетинг агенцијата Њу Момент од Скопје, создадена за најпознатиот пијалак во светот, е финалист на годинешното издание на меѓународниот фестивал EPICA, во категоријата креативни решенија за безалкохолни пијалaци.

На овогодинешното натпреварување во креативност беа пријавени околу 1.200 кампањи од осумдесетина маркетинг агенции од 50 држави во светот.

Just Add Coca-Cola

Оваа кампања е креирана со алатки за вештачка интелигенција со цел да се покаже дека новите технологии не се ниту застрашувачки, ниту неинтересни, сѐ додека нивниот потенцијал е креативно искористен.

„Кампањата се базира на анализирањето дали еден збор може целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата и доведува до резултат дека може, ако тоа е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата „Just Add Coca-Cola“ – вели Илинка Црвенковска, креативна директорка во Њу Момент.

Just Add Coca-Cola

Наградите EPICA се сметаат за исклучително важни на глобалната адвертајзинг сцена имајќи предвид дека жирито за доделување награди е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски публикации кои го покриваат креативниот и комуникацискиот сектор. Оваа година, жирито вклучува претставници од 290 познати медиуми како Forbes, National Geographic, Vogue и многу други.

Церемонијата на доделување награди ќе се одржи на 12 декември.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.