Филмско запросување во Рим: Мартинијан Кириловски ја побара за жена саканата Лара на романтична вечера пред Колосеумот
Италијанската авантура на Мартинијан Кириловски и неговата сакана Лара Денковиќ доби вистински филмски пресврт. Она што започна како лежерно истражување на Рим, кулминираше со еден од најубавите животни моменти за парот.
Имено, за време на интимна вечера со спектакуларен поглед кон осветлениот Колосеум, Мартинијан ѝ го постави судбоносното прашање. Во амбиент обоен со безвременска италијанска романтика, Лара го изговори судбоносното „ДА“, крунисувајќи ја нивната љубовна приказна на најубавиот можен начин.
Среќната двојка сподели видео од моментот на запросувањето и фотографии на кои во фокусот е вереничкиот прстен.
30-годишниот пејач и неговата осум години помлада партнерка ги поминаа изминатите денови впивајќи го шармот на италијанската престолнина. Прошетките низ историските улици и восхитот пред монументалните градби беа само увертира во вистинската магија која ја нуди градот, со право позициониран како една од најромантичните дестинации во светот.
Македонскиот музичар и неговата избраничка се во врска три години.