• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Фамилијата на прво место! Денес е Меѓународниот ден на семејството

15 мај 2018, 12:48
  • cподели

Ставете го на пауза брзиот начин на живот за да поминете квалитетно време со вашите најмили. Денес светот го одбележува Меѓународниот ден на семејството.

Семејство

Датумот 15 мај беше определен од Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации во 1993 година со цел да се истакне важноста на семејството. Годинашната тема „Families and inclusive societies“ ја акцентира улогата на семејството во создавањето на мирни и инклузивни општества за одржлив развој.

Цитати за семејството

„Што можете да направите за да промовирате мир во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство.“
Мајка Тереза

„Семејството е најважното нешто на светот.“
Принцезата Дијана

„Сите среќни семејства се исти. Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
Лав Толстој

„Можете да се збогувате со семејството и пријателите и да ставите милји меѓу вас, но во исто време ги носите нив со себе, во своето срце, во своите мисли, во својот стомак, бидејќи не само што вие живеете во свет, туку и цел свет живее во вас.“
Карл Фредерик Бикнер

„Еден ден за мене ќе правиш работи кои ги мразиш. Тоа значи да сте семејство.“
Џонатан Фоер

„За да ја разберете љубовта на вашите родители, мора да израснете свои деца.“
Кинеска поговорка

„Човек никогаш не треба да го запостави семејството поради бизнис.“
Волт Дизни

Tags
меѓународен ден на семејството
семејство

Најнови

  • Многу солзи и инјекции: Исидора, сопругата на Марио од 2Bona, со брутално искрено видео за макотрпниот пат до замрзнување ембриони

    Mon, 11/23/2026 - 14:05
  • „Тешко е, ама одам напред“: Бремената Софија Манчева се потсети на сообраќајната несреќа која ѝ го промени животот

    Mon, 11/23/2026 - 12:25
  • Таско за загубата на првото бебенце, љубовта со Таша и пријателството со Панчо од ДНК: „Тој знаеше да боксува со моите демони“

    Mon, 11/23/2026 - 12:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.