• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Facebook започнува партнерство со Httpool за поддршка на локалните бизниси во Балканскиот регион

9 октомври 2018, 13:09
  • cподели

Facebook и Httpool со задоволство го најавуваат стратешкото партнерство во Балканскиот регион. Httpool стана официјален партнер за препродажба на Facebook на Балканот, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Србија и Словенија. Facebook ја препознава можноста ова долгорочно партнерство да им користи на локалните агенции и огласувачи, за тие да допрат до побројни публики и да остварат значајна комуникација со корисниците, со што ќе се подобри потенцијалот на локалните бизниси.

Facebook и Httpool

Httpool, како официјален партнер за продажба на огласи на Фејсбук, ќе обезбеди поддршка, знаење и стручни информации за локалните бизниси и ќе им помогне со маркетинг стратегиите преку Facebook, Instagram, Facebook Messenger и Whatsapp. Целта на соработката е да се обезбеди директна поддршка за огласувачите во дадена земја на Балканот, преку партнер со силна позиција, стручност и докажано искуство во регионот.

„Нашата програма за препродавачи ја дизајниравме така што ќе ги доближиме сите наши знаења и стручност до огласувачите во балканските земји, каде што Facebook нема физичко присуство. Денес со задоволство најавуваме дека одиме чекор понатаму и додаваме уште поголема вредност на бизнисите во регионот“ - изјави Роберт Беднарски, Директор за Централна и Источна Европа, Facebook.

Facebook и Httpool

„Ова партнерство е уште еден доказ за водечката позиција и успешното работење на Httpool во регионот. Задоволство ни е што ќе му помогнеме на Facebook во воведувањето најнови рекламни решенија во регионот и на различни брендови и агенции ќе им обезбедиме директна поддршка на највисоко извршно ниво“ - вели Аљоша Јенко, Основач и Извршен директор на Httpool.

Facebook и Httpool

Со ова партнерство ќе се воведат најдобрите практики на Facebook како и обука, техники за развој на стратегија и можност за локално плаќање во регионот, со помош на експертските процеси за огласување на Httpool. Дополнителни предности за агенциите ќе бидат тимските обуки, директната наплата како и директната поддршка за прашања поврзани со огласувачките политики.

„Огласувачите во регионот користат Facebook и Instagram за да се поврзат со нивната публика на значајни начини. Благодарение на стратешкото партнерство со Httpool, ќе обезбедиме поголема поддршка со посебно дизајнирани обуки и поддршка од експерти“ - нагласува Рустам Зиганшин, Партнер за препродажба за ЦИЕ регионот во Facebook.

Комерцијален текст

Tags
Facebook
Httpool

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.