Евровизиската победничка на одмор во Варна: Дара атрактивна во бикини на плажа во родниот крај
По историската победа на Евровизија 2026 со која ѝ ја донесе првата победа на Бугарија на овој музички натпревар, Дара летните денови ги минува во својот роден град Варна.
Пејачката на песната „Bangaranga“ на Instagram сподели серија фотографии и покажа како ужива во сонцето, морето и друштвото на најблиските.
„Патување во родниот град 🌊 Варна 2026 ❤️🔥“ – напиша таа.
На фотографиите, Дара изгледа атрактивно додека позира во бикини на јахта и на плажа, а е фотографирана на крстарење по Црното Море.
Дара победи на овогодишната Евровизија која се одржа во Виена.