Првиот танц на младенците е едно од најважните парчиња во сложувалката наречена свадба, а заедно со него доаѓа и изборот на песна. На светско ниво, најпопуларна песна за романтичниот танц со кој се отвора свадбената прослава е „Thinking Out Loud“. Хитот на Ед Ширан и минатата година беше на врвот на листата која ја создава Spotify.
Откако анализира над 6,7 милиони музички свадбени листи, музичкиот сервис Spotify ги избра „Најпопуларните песни за првиот танц“ и „Најпопуларни песни за свадбената прослава“.