Ева Заева со емотивна објава за роденденот на трагично загинатиот Душко Чифлиганец
Ева Заева со емотивна објава на Instagram покажа дека споменот за Душко Чифлиганец кај неа не бледнее. На денот кога тој требаше да го прослави својот 33-ти роденден, таа му оддаде почит преку суптилна, но многу моќна порака.
На својот профил, сподели фотографија од небо, надополнета со емоџи од ангелски крилја и кратката посвета „Среќен роденден“ додека во позадина се слуша „My Way“ од Френк Синатра.
Исто така, таа објави и фотографија од неговата рака заедно со сино срце.
Ева и Душко беа во врска неколку години, а јавноста често сведочеше за нивната љубов преку заедничките фотографии.
По неговата прерана смрт, која силно ја потресе македонската јавност, Заева се збогуваше со црно-бела фотографија на која се држат за рака и песната „Always“ од Џон Бон Џови во која се пее: „And I'll love you, always“ (И ќе те сакам засекогаш).
Чифлиганец минатата година го загуби животот во кобна несреќа во Чешка, возејќи мотор. Амбициозниот бизнисмен и син на Ванчо Чифлиганец беше голем ентузијаст и љубител на мотоцикли и автомобили и учествуваше на меѓународни натпревари за брзински мотоциклизам. Пред трагичната смрт, тој се едуцираше и живееше во Дубаи.