• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ева Мендес призна дека си го бричи лицето и ја покажа кожата одблиску без шминка

7 јуни 2023, 08:25
  • cподели

Ева Мендес откри кои третмани ги применува за лицето да ѝ изгледа одлично.

49-годишната актерка призна дека е многу влакнеста и често си го бричи лицето. Таа сподели фотографии на кои ја покажува кожата одблиску без грам шминка.

Саканата на Рајан Гослинг применува дермапланинг - третман на лице за отстранување на мртвата кожа и влакната со мало остро сечило, оставајќи ја кожата мазна и мека како бебешка.

„Добив многу коментари за вчерашниот пост од жени кои си го бричат лицето со години – ОК, претпоставувам дека ‘дермапланинг’ е правилниот збор, но како и да е, јас го обожавам“ – напиша Ева.

Ева Мендес

Во коментарите, таа беше запрашана колку често го прави третманот, на што таа одговори: „Јас сум ѕвер и веројатно ова ми треба секој втор ден. Влакната ми растат веднаш само ако се наежам. Буквално, ќе си ги бричам нозете под туш и ќе се наежам и целиот труд ми е залуден“.

„Да, шминката и хидратантната крема полесно се нанесуваат. Јас сум влакнеста. Мојот кубански татко е како мечок, а јас сум негова мини копија“ – дополни Мендес.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес
View this post on Instagram

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Ева изминатите години се повлече од филмската индустрија и речиси не се појавува на јавни настани. Таа има две ќерки со Рајан Гослинг, со кого е во врска од 2011 година.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес
Tags
Ева Мендес

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.